
Евротинк: Македонците оптимисти за побрз влез во ЕУ
Само една четвртина од анкетираните македонските граѓани слушнале за извештајот на Прибе. На прашањето дали Прибе е личност или институција, дури 30 одсто се одлучиле за втората опција. Слична е и ситуацијата со планот 3-6-9 од кој во голема мерка ни зависат евроинтеграциите За него слушнале само 36 одсто од населението.
Анкетата на Евротинк покажува дека е зголемен оптимизмот кај македонските граѓаните во однос на должината на период за чекање за влез во ЕУ. Минатата година 1/5 од анкетираните мислеле дека тоа ќе се случи во наредните 5 години, а оваа 1/3.
Слична е и ситуацијата со ставот за тоа дали Унијата е најдобра опција или Македонија треба да бара сопствен модел. Во 2016-та година помалку од 40% се одлучиле за ЕУ како најдобра алтернатива, а сега овој процент е зголемен за 10.
Разликите во одговорите на прашањата зависат од партиска или етничка припадност, но и од возраста. Помладите, и гласачите на СДСМ и ДУИ имаат попозитивен став кон ЕУ.
Како карактеристичен аспект во Евротинк го посочија фактот дека иако во моментов се случуваат исклучително крупни работи во државата на надворешно политички план има отсуство на како што рекоа драма меѓу граѓаните. Како пример го посочија масовниот протест во Грција околу спорот со името и оној многу помалку бројниот кај нас.
Сања Јовановиќ Дамјановска