Репрезентацијата до 19 години го декласираше Лихтенштајн со 6-0
Во сосема поинакво светло од селекцијата до 21 година во тековните Евро-квалификации,се прикажува националниот фудбалски тим на Македонија до 19 години.Во 3.коло од квалификацискиот турнир што се одржуваше на тренинг центарот Петар Милошевски во Скопје,репрезентација што ја предводи селекторот Вујадин Станојковиќ со 6-0 го декласираше Лихтенштајн.Надежите ја потврдија 1.позиција во групата и пласманот во елитните квалификации за ЕП во Финска .На вториот меч Белгија ја совлада Швајцарија со 5-3.Покрај Македонија,белгијците ги продолжуваат квалификациите.Чурлинов ја отвори серијата,погоди и Колев а по два гола постигнаа Миовски и Митревски.