
Пораз на одбојкарите во финалето на Европската лига
Македонската машка одбојкарска репрезентација претпе пораз од Украина (1-3) во финалниот меч од Европската лига.
Македонските одбојкари и во третиот обид не успеа да ја освојат Европската лига. Вечерва во финалето на Ф4 турнирот во Данска,македонската селекција претрпе пораз со 3-1 од селекцијата на Украина.
Противникот имаше идеален влез во битка за насловот.Украинците поведоа со 25-15 во првиот сет.Во вториот, после голема борба ,Украина со 25-22 стигна до предност од 2-0 .Неизвесно беше и во третиот сет. Нашиот состав успеа да го добие со 26-24 и да остане во игра најавувајки пресврт како во вчерашното полуфинале со Данска,но Украина во продолжение од финалето ја искористи втората меч топка и го затвори четвртиот сет со убедливи 25-13, за 3-1 и за освојување на Лигата .Македонската репрезентација на пат кон финалето оваа сезона немаше загубено ниту еден меч . Во натпревар за 3.позиција на турнирот во Гентофте,Шведска со 3-1 ја надигра Данска,селекцијата на домаќинот.