ПМФЛ 15 коло: Шкендија ја одржува предноста пред Вардар
Актуелниот шампион Вардар, и лидерот на првенството екипата на Шкендија,освоија по три бода на денешните мечеви од 15 коло.Вардар со 5-2 ја победи Ренова на гостувањето во Тетово,Шкендија со триумф над Силекс од 2-0 замина од стадионот во Кратово.На другите две средби Пелистер – Академија Пандев 3-4 и Работнички – Победа 4-0.Поплавениот терен на стадионот во скопска Автокоманда беше причина за одложување на натпреварот Скопје – Шкупи.Локалното дерби е презакажано за 22 ноември.На табелата Шкендија има 37 бодови,Вардар 26 но и два меча помалку.Академија Пандев со 24 бодови го престигна Силекс на 3.место.