Дебакл на селекцијата до 21 година, Македонија-Австрија 0-4
Селекција на Македонија за фудбалери до 21 година доживеа дебакл во 4 меч од квалификациите за ЕП во Италија и Сан Марино.Младинците претрпеа пораз од Австрија со убедливи 4-0 и ги намалија шасните за пласман во повисокиот дел од табелата.Австрија постигна 3 гола уште во 1.полувреме.Јакупович со неговиот втор погодок во 54.минута ги постави финалните 0-4 на арената Филип Втори во Скопје.Македонскиот тим не искорите пенал преку Исени во 85 за почесен гол а од 80.минута играше без Костадинов кој заработи втор жолт картон.На вториот меч од групата,Србија како гостин ја совлада Ерменија со 1-0 и со 15 бода е водечка на табелата.Русија на 2.место има 10 бодови,Австрија 9,Ерменија 7.Македонија по серијата од три порази е во друштво на Гибралтар.Двете селекции имаат по 3 бода.