Горан Стефановски постхумно ќе добие споменик во Дебар Маало

Општина Центар ќе му подигне споменик на корифејот на македонската драматика, Горан Стефановски, во Дебар Маало. Како што велат од Општина Центар, иницијативата за спомен обележје ја поднела Македонската академија на науки и уметности, а таа вчера била усвоена од Советот .
  • Советниците од Општина Центар ја усвоија иницијативата на Македонската академија на науките и уметностите за поставување спомен обележје на драмскиот писател и член на МАНУ, надвор од работниот состав, Горан Стефановски. Спомен обележјето ќе биде поставено во триаголниот парк во Дебар Маало, спроти ресторанот Идадија, објаснуваат од Општина Центар.

Горан Стефановски почина на 27 ноември минатата година, на 66 годишна возраст по кратко и тешко боледување. Од 90-тите години на минатиот век, со семејството се пресели во Кентербери-Англија, каде предаваше на тамошниот универзитет. Стефановски е автор на 30 -тина драмски текстови кои го отсликуваат духот на современиот Македонец. 11 од нив се поставени во Драмскиот театар, каде од неодамна во фоајето е насликан мурал со неговиот портрет.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ