Се чека одлука на Влада за отворање на библиотеките, музеите и галериите

Филхармонијата на први јуни ги достави своите предлози до Министерството за култура за начинот на кој би се организирале концертите со примена на здравствените протоколи и сега ја чека одлуката на Владата радувајќи се на својата повторна средба со публиката.

  • Помали состави со намален број на гудачки корпус и растојание помеѓу дувачите се разбира и заштитници за среќа ги добивме за да ги разделиме гудачкиот и дувачкиот корпус. Преку еден ред парни броеви во салите и се разбира еден позади друг секогаш да има 2 метра растојание меѓу гледачите публиката, вели директорот на Филхармонија, Виктор Илиески. 

Во светот не постои правилник за заштита на културното наследство во услови на пандемија, вели Чанкуловска и тоа беше предизвик да се конципира протоколот при посетата. Во сите правилници за заштитата на културното наследство се вели дека човечкиот живот е на прво место. На влезот на сите објекти при  Националната галерија ќе се мери температура на секој посетител и проверка дали се носи заштитна маска.

  • Носење на задолжителна заштитна опрема, дезинфицирање на рацете, не се дозволува поголем број посетители. Ние тој број го лимитиравме на 4 до 5, не повеќе од две лица во една изложбена сала одалеченост од артефактите метар и пол до два, вели Маја Чанкуливска, од Национална галерија ГМ.

Сите предлози кои биле доставени до Министерството за култура се препратени до Комисијата за заразни болести. Владата го има последниот збор.

  • Колку што знам денес е на дневен ред предлог протоколот што го изготвија Министерството за култура со Националните установи . Денес е првата фаза како што сме информирани за библиотеки, музеи и галерии и за посебен протокол за  настани, вели Афет Јашари, координатор за проекти во Министерство за култура.

Светските културни институции внимателно започнаа да ги отвораат вратите за  посетителите во неколку фази при што секогаш се водат по препораките на Светската здравствена организација.

 

Нина Стефанова

 

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ