
Ѕвездата на Монти Пајтон, Тери Џонс почина на 77 години
Ѕвездата на Монти Пајтон, Тери Џонс почина на 77-годишна возраст, соопшти неговиот агент.
Велшкиот актер, писател и режисер почина во понеделникот, откако живееше со деменција од 2016 година.
Во изјавата на неговото семејство се вели: „Длабоко жалиме што треба да го објавиме заминувањето на нашиот сакан сопруг и татко, Тери Џонс“.
Неговиот колега Мајкл Пелин, го опиша Џонс како „еден од најсмешните писатели-изведувачи на својата генерација“.