Од 1 октомври Северна Македонија ќе учествува во меѓународни копродукции под поповолни услови од досегашните

Од 1 октомври  нашата земја ќе учествува со мининални 5 % удел во мултилателарните филмски копродукции, а со 10 % во билатерaлните . Ова е резулатат на ратификуваната Европска конвенција за кинематографски копродукции, со што се менуваат досегашните правила за финансиско учествува со 10 % , или 20 %, соопштија од Агенцијата за филм. Со ратификувањето на ревидираната Европска конвенција за кинематографски копродукции, освен нејзините членки, право за учество во меѓународни копродукции, добиваат и земјите кои не се официјално дел од Европската Унија. Но, тие треба да поседуваат кадри и потенцијал за работа. Конвенцијата ги уредува и односите меѓу копродуцентите со процентот, при учество во филмски копродукција.

Од Агенцијата за филм искажаа задоволство што Република Северна Македонија доби подобра можност за учеството како копродуцент во големите европски филмски проекти.

Одлуката за двојното намалување на условите што мораат да ги исполнуваат продукциите, за да се третираат како копродуценти е во надлежност на Европскиот фонд за копродукција и дистрибуција на креативни кинематографски и аудиовизуелни дела „ Еурoимаж“.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ