Операта од Барселона одржа концерт со публика од растенија

Операта во Барселона синоќа почна да работи по тримесечниот карантин, со концерт, кој наместо пред публика, беше одржан пред 2292 растенија, во саксии. Концертот се одржа еден ден по официјално завршениот карантин во Шпанија, кој траеше три месеци. Идејата за ваквиот концепт на концертот, беше на шпанскиот концептуален уметник Евгенио Ампудиа, кој изјави дека инспирацијата му дошка од неговата конекција со природата, за време на пандемијата.

  • Следев што се случуваше со природата за време на пандемијата. Многу повеќе ги слушав птиците. Растенијата во мојата градина растеа побрзо. И без сомнеж, помислив дека сега треба да создадам многу поблиска врска со луѓето и природата”, рече Ампудија.

Гудачкиот квартет пред тивката публика, ја изведе композицијата „Хризантема”, од италијанскиот композитор Џакомо Пучини, а изведбата беше пренесувана и онлајн во живо. Организаторите информираат дека сите расади ќе бидат донирани на здравствените работници, од првите борбени редови.

 

 

 

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ