Златна мечка за израелскиот „Синоними“ на Надав Лапид

Филмот „Синоними“ на израелскиот режисер Надав Лапид ја освои Златната мечка за најдобар филм на 69. Берлински филмски фестивал. Лапид истакна дека ова е филм за неговата мајка која работела на филмот и починала за време на монтажата, но дека во исто време ова е приказна за Израел и филм работен во слава на кинематографијата.

Наградата на жирито кое годинава го предводеше француската актерка Жилиет Бинош Сребрената мечка – Гран при ја додели на францускиот автор  Франсоа Озон за филмот „ Во Божја милост“.  Германката Ангела Шаланек ја освои Сребрената мечка за најдобра режија на филмот „Бев дома, но“ .

Сребрената мечка за најдобар актер и актерка ја добија Ванг Јингчун и Јонг Меи во филмот „Збогум, сине“ на Ванг Сиаошуан.

Во главната конкуренција на престижниот Берлински филмски фестивал во трка за Златна мечка  својата премиера ја имаше и најновиот филм на Теона Стругар Митевска  „Господ постои, името ѝ е Петрунија“.

Во трка за Златна мечка годинава беа 17 филма, меѓу нив и филмовите на Фатих Акин, Агњешка Холанд, Ванг Куанан и Емин Алпер.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ