„ Златен објектив “ за Елена Дончева и Димитар Грбевски
Монтажерот Димитар Грбевски и костимографката Елена Дончева, се годинашни добитници на наградата Златен објектив, што ја доделува Кинотеката на Северна Македонија, за исклучителен придонес во развојот на домашната кинематографија. Наградите ќе им бидат доделени на лауреатите, во четврток на пладне во Кинотеката.
Досега наградата Златен објектив ја добија режисерите Бранко Гапо, Трајче Попов и Кирил Ценевски, тонскиот снимател Глигор Паковски, карикатуристот и аниматор Дарко Марковиќ, директорите на фотографија Драган Салковски, Љубе Петковски и Благоја Дрнков, филмскиот работник Коста Крпач, продуцентот Панта Мижимаков и хроничарката и критичарка на филм, Илинденка Петрушева