Започнува 15 јубилеен „ Танц Фест “

Со изведбата на претставата „ Идентитети“, на „Скопје танцов театар“, вечерва во МНТ започнува 15 јубилејно издание на интернационалниот фестивал за современ танц „ Танц Фест“- Скопје. Чувството за самосвест, желбата за докажување и пронаоѓањето на сопствениот идентитет. се главните мотови во претставата , во која меѓу другите, настапуваат: Андријана Данчевска, Дејан Битровски, Анастасија Данчевска, Тринга Хиса и Бобан Русески. Костимите се авторство на Благој Мицевски, а музика компонираа младите автори Мартин Треневски, Благојче Стојчевски и Дино Хриџиќ. Пред изведбата на претставата „Идентитети“, традиционално ќе биде доделена наградата „ Менада за врвни достигнувања во областа на танцот“ и за прв пат „ Менада за млад уметник“. За врвни достигнувања , „ Менадата“ ќе и биде доделена на кинеската танчерка и кореограф Зао Шји, а за млад уметник, наградата оди во рацете на Марко Мицов- наш балетски играч кој со успех ги освојува американските и светските балетски сцени.  Во рамките на „ Танц Фест“ , ќе се одржи програмата „ Инкубатор млади уметници“. На неа ќе настапат млади уметници од областа на танцот, музиката и визуелните уметности.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ