
Започна театарскиот фестивал Ристо Шишков но и овој пат нема доволно средства
И годинава Фестивалот на камерен театар Ристо Шишков кубури со средства за организација на 27 издание. Министерството за култура му одобрило само милион и двесте илјади денари, и затоа изборот на претставие главно од македонските театарски ансамбли.
Девет претстави во официјална конкуренција и дваесетина актери ќе се борат за единствената награда за високи актерски достигнувања, Ристо Шишков. Претседател на меѓународното жири е минатогодишниот лауреат Благоја Чоревски.
Фестивалот трае пет денови, до 12 септември, а освен претстави офф програмата предвидува и театарски разговори, а за првпат ќе се организира и семинар за театар.
Сузана Мицева