Започна првото издание на „Синестика“

Со почеток точно на пладне па се до раните утриниски часови фестивалот СИНЕСТЕТИКА го живее своето прво издание. Голем број авторски бендови, ликовни уметници, филмаџии и ракотворци на ледината Шамак, над Козле во поднежјето на Водно пркосеа на сиот шунд и естрадизација на која како што велат многу пати сведочиме.

„Сакавме да собереме на едно место повеќе уметности да се случува и музички концерти, изложби на слики и поезија. И направивме едно како пробно издание само јас со мојот бенед Minstrel’s Gallery минатата есен се викаше „Акустичен доручек“ и бидејќи беше навистина успешно решивме да го направиме годинава поголемо. На број се околу 50 луѓе, осум бенда, а во изложбата може да се вклучи секој кому ќе му се види интересно може да дојде тука и да го изложи, изјави ВИКТОР ТАНАСКОВСКИ“, организатор на СИНЕСТЕТИКА.

За голем број млади уметници кај нас ваквите настани се единствена можност  да ги претстават своите дела вон стандардните простори: галерии, концертни сали и слично, имајќи предвид дека сето тоа чини пари и одредени процедури , кои малкумина можат си ги дозволат на почетокот на својата уметничка дејност, посочи АНА КНЕЖЕВИЌ, организатор на СИНЕСТЕТИКА.

„Сметам дека младите во Македонија немаат баш можност каде да ја промовираат својата уметност и токму поради тоа го направивме овој фестивал за луѓе кои ја немаат таа можност тука да го направат тоа“, вели ТЕОДОРА  ВАКЛИНСКА.

Поентата е луѓето да не бидат ограничени со простор, значи секој што доаѓа може да си прикаже свое дело каде сака. Да се намести каде сака, да си понесе масичка или што и да му треба за приложување.

И покрај апелот на организаторите кои прецизно со ознаки на патот и видео на социјалните мрежи посочија како да се стаса до ледината во подножјето на Водно, советувајќи  да не се доаѓа со автомобили бидејќи нема доволно место за паркирање, многумина за жал си ги задржаа старите навики да ги паркираат своите возила токму таму.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ