Започна 40-тото издание на фестивалот “Браќа Манаки”

Со доделување на златната камера 300 за животно дело на големиот американски кинематографер Едвард Лакман , во големата сала на центарот за култура во Битола вечерва се отвори 40-тото јубилејно издание на интернационалниот фестивал на филмската камера “Браќа Манаки”.

Голем број  филмофили, филмски работници, гости од земјата и светот, вечерва го поминаа црвениот килим а салата беше полна до последно место.

Публиката на самиот почеток имаше можност да погледне ретроспектива на претходните фестивалски изданија со гостите и лауреатите кои продефилирале во Битола.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ