Во општина Чаир отворена „Кока-кола активна зона“
Во Топанско Поле денеска беше пуштена во употреба единаесеттата „Кока-кола активна зона“. Чаирската „Кока-кола активна зона“ го означува почетокот на третиот циклус од проектот, а до крајот на годината ќе бидат поставени уште четири „Coca-Cola Активни зони“ во различни општини.
Директорот за односи со јавност и комуникации на Пивара Скопје Ламбро Патче изрази надеж дека жителите на Чаир ќе го сакаат ова спортско-рекреативно место за дружење, ќе се грижат за него и вистински ќе уживаат во времето поминато тука.
„Кока-кола активноте зони“ се реализираат со поддршка на локалната самоуправа, а се сочинети од професионални фитнес-справи, кои се поставуваат на соодветни локации за слободна употреба на сите граѓани, и тоа 24 часа.
Во изминативе години Пивара Скопје заедно со компанијата „Кока-кола“ реализираа повеќе проекти, меѓу кои „Кока-кола фудбалскиот куп“, бесплатните паркиралишта за велосипеди и десетте „Кока-кола активни зони“ од 2016 и 2017 година за жителите од Прилеп, Струмица, Охрид, Тетово, Штип, Куманово, Гостивар, Радовиш и од Скопје.