Џокер со 11 номинации за Оскар меѓу нив и за најдобар филм, режија и најдобар актер
Во трката за Оскар, наградата на Американската академија за филмска уметност и наука, “Џокер” има најмногу шанси со 11 номинации, вклучувајќи ја и онаа за најдобар филм, за режисерот Тод Филипс и актерот Хоакин Феникс.
По 10 номинации освоија 3 наслови: “Беше еднаш во Холивуд” на Квентин Тарантино, драмата за Првата Светска војна на Сем Мендез “1917” и епската приказна за мафијата на Мартин Скорцезе “Ирецот”, во која по 9-ти пат соработува со Роберт де Ниро,во филмот “Ирецот”.
Покрај овие наслови, за најдобар филм се номинирани “Форд против Ферари”, “ЈоЈо зајакот”, “Мали жени”, “Брачна приказна” и “Паразит”.
За режија покрај Филипс, номинирание се Скорцезе за “Ирецот””; Сем Мендез за “1917,” Тарантино за “Беше еднаш во Холивуд” и Бонг Јун Хо за “Паразит.
Грета Гервиг не беше номинирана за режија на Мали жени, со што во оваа категорија остануваат само режисери.
По 6 номинации имаат “Паразит” ; “Брачна приказна” ; “Мали жени” ; “Тие се бомби” има 3 номинации.
Миланка Рашиќ