Борис Џонсон доби син
Британскиот премиер Борис Џонсон (55) и неговата 23 години помлада свршеница Кери Симондс утрово добија здраво машко дете. Џонсон, кој туку што се опорави од КОВИД 19, и во понеделникот за првпат се врати на работа, присуствувал на пороѓајот. Симптоми од корона вирусот разви и неговата свршеница, но нејзините беа послаби, иако таа самата напиша дека поминала цела недела лежејќи во кревет, загрижена за својата состојба.
Џонсон и Симондс се првиот невенчан пар во Даунинг Стрит 10. Новороденото бебе е прво дете за Симондс, а за Џонсон се знае дека е татко на пет деца.