ВМРО-ДПМНЕ: Укинувањето на Музејот на македонската борба за државност е директен атак на културата

Музејот на македонската борба за државност е музеј кој досега го посетиле илјадници посетители од целиот свет и е институција која го покажува реалниот развој на настаните во минатиот век, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на препораките од работната група за ревизија на музејската дејност во земјава.

„СДСМ освен рушење и укинување нема што друго да им понуди на граѓаните. Укинувањето на Музејот на македонската борба за државност е директен атак на културата, која повеќе од една година е под директен удар на аматеризмот и непрофесионалноста на власта. Секој еден преставник на власта кој во налетот на моќта им ја дава моменталната власт ќе причини штета врз државата, културата и се друго ќе одговара за своите дејствија, кога за тоа ќе се создадат услови, со враќање на правната држава.“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Групата, формирана при Министерството за култура, дала препораки за бришење на овој музеј од листата на културно наследство, за преименување заради искривеното претставување на историјата во делови од поставката, но и за понатамошно испитување на евентуалните криминали поради сомневање дека има финансиски неправилности при градењето.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ