
Вечерва ќе се врачат наградите 13 Ноември
На пригодна свеченост, вечерва во објектот на Македонската Филхармонија, ќе бидат традиционално доделени наградите „ 13 Ноември“, на Град Скопје. Зад нив стои Одборот за доделување , кој спроведе тајно гласање и ги објави добитниците на наградата „ 13 Ноември“, во повеќе области, велат од Град Скопје. Аџи Фида-професор во пензија е добитник на наградата „ 13 Ноември“, од областа на образованието и воспитанието, пливачот Андреј Стојановски за остварување врвни резултати, е награден во областа на спортот. Музикологот Марко Коловски ја освои награда во областа на културата, за значајни долгогодишни остварувања во музичкото творештво. Иста награда ќе понесе и писателот и преведувач Ресул Шабани, за преводите на антологиите „ Поети академици“ и „ Поети и раскажувачи академици“. Од областа на уметноста, наградата ќе оди кај музичарот Рамадан Шукри, а за публицистика, ќе ја добие Сафет Тахири, за две деценискиот придонес во новинарството. Во областа на архитектурата, наградата „ 13 Ноември“ ќе ја добие архитект- планер Даница Павловска-Циги, за долгогодишна посветеност кон зачувување на автентичноста и вредностите на градот Скопје, а од областа на науката , ќе биде наградена судијката Маргарита Цаца Николовска, за унапредување, промоција и заштита на човековите права и слободи, развој на демократијата и владеење на правото. Награди ќе им бидат врачени и на ЈЗУ „ Герантолошки Завод-13 Ноември“ -Скопје , на Противпожарната бригада на Град Скопје и на учениците : Арда Мустафаоглу од ДМБУЦ „ Илија Николовски- Луј“, како и на Мила Коцевска, Софија Стојменова, Нена Гиевска, Марија Гавриловиќ, Петар Тодоровски и Ведран Лауренчиќ.
По повод доделувањето на наградите „ 13 Ноември“, концерт ќе одржи Македонската филхармонија, под диригентство на Сашо Татарчевски. На програмата се дела од Шпато, Џамбазов, Константинов, Пејовски, Данон и Троваиоли