Ванеса Меј ќе го отвори Охридско лето 2019

Британката Ванеса Меј, која светската слава ја стекна со изведби на дела на електрична виолина, ќе го отворои годинашното Охридско лето, соопштија од дирекцијата на фестивалот.  Таа нема посебни барања за престојот во Охрид, освен за нејзината безбедност.

Според директорката на фестивалот, Наташа Поповиќ, ќе биде незаборавна вечер со уметничка која го носи епитетот „светско чудо“.

Охридско лето ќе се одржи од 12 јули до 20 август и на повеќе сцени ќе понуди 45 содржини.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ