Урбаните акции кои ги обединија уметноста и активизмот

Скулптурата на леботРиболов по дупките на улиците во ВелесСтатуа на дијазепамот во СкопјеАјкулите во Вардар се само дел од урбаните акции кои ги обединија уметноста и активизмот со една цел решавање на локалните, но и глобалните проблеми во општеството. Граѓаните потпишуваа петиции кои најчесто беа залудни, но дури кога се појавија ваквите урбани акции по медиумите и социјалните мрежи, загрозувајќи го угледот на политичарите, дури тогаш реагираа надлежните институции, вели Никола Писарев.

-Неодговорноста на надлежните институции, власти и се друго кај нас е страшна и тука единствена помош реална можат да направат медиумите. Практично цела наша работа ние си ја сфативме да правиме во штета на политичарите, а во интерес на граѓаните, вели Никола Писарев, Центар за современи уметност.

Ваквите урбани акции придонесоа граѓаните да ја согледаат моќта на активизмот низ уметничките дела. Визеуелните пораки поставени на фрекфентни места веднаш го привлекоа вниманието на минувачите, на оние кои беа свесни за проблемите, но и оние кои на тој начин станаа свесни за нив.

Ние алармираме затоа што народот или нашата популација е немоќна да се справи со тие проблеми. Така што ова е своевиден крик, еден авторски исказ за повеќето работи за кои сметаме можат да се сменат во општеството, само ако се има добра воља и добар слух, изјави Андреј Митевски, скулптор.

Дали имало ситуации во кои некој политичар ви се јавил со забелешка „мораше ли на таков начин“ ?

Имало такви ситуации, но во последно време поретко. Затоа што се јавиле неколку пати, ама многу лошо си поминале. Тоа беше една акција за иселувањето пред две години кога ни се јави градоначалникот на една селска општина во Ростуше-Маврово, љут што е ова, па ги искршија таблите. И имавме исто таква ситуација со Гевгелија уште на прапочетоците пред да правиме урбани акции, но многу лошо си поминаа прво ни дадоа дополнителна енергија, а второ во јавноста доживеаа страшна критика, вели Никола Писарев, Центар за современи уметност.

Урбаните акции кои се реализираат во соработка со архитекти, уметници активисти, граѓански организации и синдикати и најчесто загатнуваат некој локален проблем, но може да се однесуваат и на некоја повисока политика, вели Писарев, како на пример  „Надгробната плоча за човековите права“ и „Извештајот на Прибе издлабен на камен“.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ