
Уметничка акција против узурпација на јавниот простор во Битола
Непрописно паркираните волиза на јавни површини во Битола, добија врзани жолти балони на кои пишува „ Ова не е паркинг“. Истоимената акција, е посветена на узурпацијата на јавните површини во Битола. Граѓаните секојдневно се соочуваат со проблеми кои го ограничуваат нивното движење и ја загрозуваат нивната безбедност. Иако Битола не е голем град паркирањето на јавните површини и тротоари зема се поголем замав и на одредени локации низ Битола. Практично е невозможно безбедно движење на пешаците. Во изминатите неколку години поради трендот на узурпацијата на тротоарите предизвикани се повеќе несреќи, а постарите граѓани, инвалидизираните лица, велосипедистите и децата се почесто се обесхрабрени да се движат на одредени локации низ Битола, велат организаторите на акцијата од Центарот за современи уметности во Скопје.
– Целта на оваа акција е да се изврши притисок врз надлежните односно општина Битола, МВР сериозно да се зафатат со решавањето на овој проблем и да ги вратат возилата на улиците и пешаците на тротоарите, вели Никола Писарев од ЦСУ-Скопје.