Текстот „ Патот на Баба Јага“ победи на конкурсот на Здружението на драматурзи и сценаристи

Драмскиот текст „ Патот на Баба Јага“ , на авторката Хана Корнети, победи на конкурсот за драмски текст , распишан од Здружението на драматурзи и сценаристи на Р. Македонија и од Драмски театар – Скопје“. Зад одлуката стои три члена комисија, во состав: Југослав Петровски -претседател и Драгана Лукан и Викторија Рангелова – членови. Овој текст во себе содржи најмногу елементи и квалитети кои ги форсира и во иднина ќе инсистира на нив, Здружението на драматурзи и сценаристи на Р. Македонија. Текстот, се издвојува од другите, пред се по тоа што има квалитетно изработени драмски ситуации, има добро изградени карактери, и особено е важно што во себе ги има сите занатски елементи, што еден вистински драмски текст мора да ги има и истите се направени на добар и квалитетен начин. За овој текст е исто така карактеристично што во себе има надградено една едукативна нитка и носи силна современа порака – што е битно за публиката на која се обраќа, а тоа се децата. Значи се работи за драмски текст напишан за деца, кој според нас е исто така квалитет плус, бидејки сметаме дека оваа публика е мошне значајна и на неа современите драмски писатели мора што по често да обрнуваат внимание, вели претседателот на комисијата, Југослав Петровски.

Јавното читање на текстрот ќе се одржи во “Драмски театар , за што, сите заинтересирани ќе бидат обавестени, и лично, и преку медиумите. По “Јавното читање на наградениот текст“ ќе се отвори јавна – дебата, на која ќе се зборува за состојбата во македонската драматургија, како и за целите и правците на делување на здружениет, во правец на подобрување на моменталната состојба со македонската драма.
Хана Корнети со текстот „ Патот на Баба Јага“, победи на конкурсот што за прв пат го распиша новоформираното Здружение на драматурзи и сценаристи на Р. Македонија.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ