
Театарските работници во земјава го дочекаa празникот во неизвесност
Поради начинот на кој беше донесена Годишната програма за култура од страна на Министерството, состојбата во театарите во земјава сега е неизвесна. Не се поделени решенија, нема ниту пари за работа, а започнатите проекти се запрени,рече режисерот Милош Андоновски.
Уште не се знае кога треба да пристигнат решенијата по театрите. Наводно неколку куќи имаат договорено термини и датуми за почеток на проектите по институциите. Но, кога ќе се префрлат буџетските сретства за реализацијата да тече непречено, не се знае. Има во многу театри претстави кои се почнати, но се стопирани заради сретствата.
Во Северна Македонија работат 16 театри, во кои се вработени 1500 луѓе, со вкупна годишна продукција од околу 50 претстави. Но, продукцијата е се послаба и постаромодна, смета театрологот Јелена Лужина. Според неа, тоа се должи на застарениот модел на едукација, но и на недоволното знаење на кадарот што работи .
(изјава: Јелена Лужина-театролог)
Продукцијата не е слаба, таа е се послаба. Не знам на што се должи тоа , дали на недоволно знаење , дали на неинформираност , дали на фактот дека веќе не го следиме театарот кој што се случува околу нас и во светот. Јас се плашам дека дури и нашите школи сiстематски едуцираат деца- режисери, драматурзи, актери за театар, кој веќе не постои, вели театрологот Јелена Лужина.
Покрај промените во едукацијата и организацијата на театарот, потребно е нејитно донесување Стратегија за театар како документ, вели театарологот Ана Стојаноска.
Мислам дека вистинските луѓе на вистинско место ќе знаат да го направат најдобро што може, вели Стојаноска.
Нашиот драмски писател Југослав Петровски, во домашната порака по повод Светскиот ден на театарот вели дека тој се уште не е мртов, но за жал умира , бидејќи во него недостига „ петтиот елемент“, односно катарзата. А , авторот на меѓународната порака, кубанскиот режисер, драмски писател и театарски педагог, Карлос Селдран, вели дека кога сватил дека театарот е држава , сама за себе, која го покрива целиот свет, во него се родила решителност која е исто така и остварување не слободата.
Сотир Трајков