Театар Комедија 2019 со рекордна посетеност

Бројот на посетители без сомнеж се должи на добро конципираниот репертоар кој е предизвик за различни генерации. Во време на брзи технологии и инстант решенија враќањето на театарската публика е вредна и одговорна задача, вели Ристовски.

За 2019-та ние имаме 179 изведби на тековниот репертоар, вкупниот број посетитетли 46. 609. За разлика од 2018 та значи зголемување во изведбите за 28, 8%, а порастот на посетители е 16,6%, вели директорот на Театар Комедија Сашо Ристовски.

Радува фактот дека новите генерации бараат карта повеќе и тоа е публиката која со време созрева и која треба да ја задржите. Хуморот денес е навистина потребен, не само да ве насмее, туку и да посочи на нешта кои треба да бидат критикувани, додава Ристовски.

Низ хуморот односно низ комедијата вие го критикувате системот, го критикувате општеството, а тоа е некогаш болно. И тоа да го направите на многу софистициран начин е мајсторство.   Тоа го прават моите колеги и јас сум пресреќен и тоа е морам да признаам храброст. Бидејќи јас театарот го разбирам и како критика на власта и општеството. Ние сите сме поставени од власта, но треба да упатиме и критика и до власта и до општеството. Тоа го сакаат луѓето, вели Ристовски.

За раководството на Комедија е важно мислењето на публиката и затоа со Книгата на впчатоци се дава можност секој гледач да има улога во конципирањето на актуелната репертоарска политика.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ