Светски ден на книгата повод за повторно преиспитување колку се чита?

Бројни промоции и разговори со писатели, различни видови на популаризација на книгата и нејзино доближување до читателите се составен дел на оддбележувањето на Светскиот ден на книгата и авторското право ширум светот. Кај нас тивко поминуваат ваквите настани, но повод за преиспитување кои се причините и колку се чита кај нас .

За жал кај нас ние не ги следиме тие трендови мислам генерално на оддбележување некое посуштинско на Денот на книгата, освен поединечни заложби. Сметам дека ова е празник кој треба да биде прославуван во библиотеките , во книжарниците преки средби на читатели и автори, вели Бојан Саздов од издавачката куќа „Три“.

Првиот впечаток е секогаш негативен секогаш велиме не се чита, се чита премалку, лош избор на дела, меѓутоа сепак мислам сведочиме на еден тренд на нагорна линија во однос на читателските искуства особено оние кои се однесуваат на помлада генерација на писатели. Дури и македонските млади писатели се изборија за една своја публика, не само меѓу својата генерација туку и пошироко, смета Ана Мартиноска од Институтот за македонска литература.

Сепак е потребна серизна кампања за подигнување на свеста за важноста на книгите не само за една индивидуа, туку и за општеството во целина.

За тоа да го направиме мораме да го промениме односот кон книгата во образовниот систем. Да се ревидираат веројатно книгите кои се читаат, да се поттикнува љубовта кон читањето повеќе одколку  да се инсистира на некакви наизуст повторени анализи, на едни исти дела кои децата ги препишуваат од интернет, вели Мартиноска.

Треба да се работи најпрво со најмладите да ја стекнат навиката за читање, да ја научат важноста на читањето и потоа со текот на времето да се и потоа да станат читатели кои ќе конзумираат секаков вид литература, вели Саздов.

Културниот маркетинг денес во светот е неминовност и полека кај нас се развива, што подразбира прочување на навиките на современиот читател. Сепак првите чекори кои се клучни за создавањето и негувањето на идните читатели е начинот на кој ќе ја доближите книгата до најмладите кои секогаш ќе ја имаат за свој сопатник низ лавиринтите на животот со сите негови предизвици.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ