
Соработници на Универзална сала го обвинуваат директорот за кражба на интелектуална сопственост
Кражба на интелектуална сопственост! Вака група културни работници кои се соработници на Универзална сала , ја оценуваат одлуката на новиот директор , наместо тие , кои превземале одредени пред организациски активности и биле иницијатори, друга група соработници на оваа јавна установа да го организираат првото издание на Фестивалот на светлосен дизајн, што треба да се одржи на 6 октомври.
Сценографот Иванка Апостолова, која беше програмски координатор на три изданија на фестивалот на креативни индустрии- „Скопје Креатива“ и на два пати работеше на подготовките на проектот „ Скопје- Европска престолнина на културата“, заедно со други надворешни сорабоници на Универзална сала, е исклучена од подготовките за првиот фестивал на светлосен дизајн, што го иницира. Вели , причините не и се јасни, но се работи за тотална непрофесионалност и крадење туги идеи од страна на новиот директор на Универзална сала, Филип Аврамчев.
- Во една инцидентна средба тој рече дека ќе бара луѓе кои што знаат да работат. Зарем ние не го направивме концептот, зарем не го имаме искуството од „ Скопје креатива“? И моите колеги, со ред други проекти во рамките на Универзална сала, прашува Иванка Апостолова-надворешен соработник на Универзална сала.
Директорот на Универзална сала вели дека одлучил тој да биде координатор на проектот, без да вклучува надворешни соработници и да ги користи капацитетите на вработените во оваа јавна установа.
- Не заради штедење, туку за тие сретства да избереме уште некој артист од кај нас или од надвор. Да се направи што подобар фестивал и тие пари да се потрошат на артистите, а не на соработници, вели Филип Аврамчев- директор на Универзална сала.
Зад финансирањето на фестивалот на светлосен дизајн стои Град Скопје. Но, тој се финансира и од проектот „ Р.О.К “, од програмата „ Хоризонт 20/20“ , на ЕУ, кој е најголем меѓународен проект во кој е вклучен Град Скопје. И од таму потврдуваат дека во проектниот тим на фестивалот нема да има надворешни соработници.
- Оваа година проектниот тим се состои од претставник од Град Скопје, Универзална сала и МКЦ, без надворешни соработници, смета Тони Масевски- проектен менаџер на „Рок“ за Град Скопје.
Иванка Апостолова од почетокот на нашата сторија вели дека ако не бидат вклучени во организацијата на фестивалот на светлосен дизајн, ќе ја тужи Универзална сала за плагијат, а ако за тоа ги извести и претставниците од „ Р.О.К“, со кои имале средби во февруари и мај во Скопје,европската црната листа на проекти, на која е Македонија, ќе биде подолга.
Сотир Трајков