СОНК: Нивелацијата на платите во културата е нетранспарентна и селективна

Не сме против зголемувањето на платите во културата, но жалиме дека не сме вклучени во нивелирањето , што го изработува Министерството за култура, вели претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

Според него, нивелацијата на платите се спроведува нетранспаретно и без социјален дијалог со СОНК, како репрезентативен синдикат, што е криминал.

А, начинот како се сменети коефициентите, укажува дека нема вистинска нивелација, туку можност за создавање големи разлики меѓу платите кај вработените во културата, вели Неделков.

Со вакво нивелирање на платите за кои селективно се дадени табелари во установите, а не секаде, за исти работни места, во различни установи имаме повторно различни коефициенти. Тоа значи дека нема да имаме нивелирање, туку не знаеме што. Односно, ќе се создаде уште поголем јаз помеѓу платите во дејноста култура, подвлече Неделков.

Од Министерството за култура велат дека за остварување на синдикалните права на вработените во културата, согласно законот, преговараат со репрезентативните синдикати и дека нивелацијата на платите е во согласност со иницијативата на СК, со цел сретствата да бидат вметнати во буџетот за 2019.

А, од Синдикатот за култура, потврдуваат дека активно работеле на нивелацијата, но не биле вклучени во пресметките и дека не ги покачувале коефициентите зашто тоа се прави со Колективeн договор.

Со новиот Колективен договор , што се очекува да се потпише до крајот на годината, темелно ќе се реши незадоволството со платите во културата, велат од СК.

Но, од СОНК бараат отворање расправа со Министерството за култура околу нивелацијата на платите и изработката на новиот Колективен договор.

Сотир Трајков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ