
„ Сончев систем“-нова урбана акција на Дојранското езеро
„ Сончев систем“, е нова урбана акција, осмислена, креирана и направерна за збогатување и креативно интервенирање на просторот на Дојранското крајбрежје. Исто така, акцијата е дел од оние на Центарот за Современи уметности, односно групата урбани уметнички акции наменети за оплеменување на јавните простори и збогатување на амбиентално пејзажните вредности на малите места и малите општини, низ Македонија. Самата акција претставува просторна интервенција со димензии 9 на 5 метри, во која се поставени модели на сите 8 планети од сончевиот систем и Сонцето. Планетите се направени реалистично, а нивните големини се во сооднос со големината што ја имаат во однос на Сонцето. Едновремено, за зајакнување на едукативниот дел на оваа инсталација, покрај секоја планета ставени се таблички со основни податоци за неа. Акцијата е е дел од проектот „Креативни заедници“, на Центарот за современи уметности-Скопје, поддржан од проектот на УСАИД за граѓанско учество.