Со перформанс за важноста на јавниот простор започна 44 МОТ

Без официјално отворање и конвенционални говори, во духот на младоста и непосредноста, започна 44 МОТ.  Го отвори наградениот  перформанс со Златна трига на годинашново Прашко квадриенале  „ Оваа зграда зборува (на) вистина“, кој ќе се игра и на претстојниот „ Битеф“. Тој е плод на повеќегодишниот активизам на авторот Филип Јовановски и на кураторката Ивана Васева, насочен кон повторно заживување на Железничка зграда, изградена 1946 и на киното во неа. Тематски, перформансот зборува за важноста на јавниот простор и за историските промени на кои бил подложен и тој и станарите од зградата.

Како се освојува европскиот простор од млада виолинистка , ограденa со граници, жици и други рестрикции? Одговорот  ќе го даде изведбата на мешавината од драма и опера „ Девојчето со жиците“, која започнува од 22 часот во НОБ. Проектот , базиран на Андерсеновата приказна „ Девојчето со кибритчињата“, е авторство на композиторот Марјан Нечак. Либретото го напиша Маја Хрговиќ, а стиховите се на Ана Бунтеска, изјави Ивана Васева- куратор на проектот.

МОТ утре продолжува со претстава за најстраствените љубители на театарот.

Пред 7 години на фестивалот ја видовме претставата „Галеб“ од Чехов, во режија на Словенецот, Томи Јанежиќ. Таа траеше 6 часа и ги освои срцата на гледачите. Утре нов предизвик од истиот режисер за мотовската публика. Претставата „Се уште без наслов“, во траење од 10,5 часа, е работена по мотивите за Дон Жуан, а билетите за неа се веќе распродадени. Останува да се види дали и ова остварување ќе ја плени публиката како „Галебот“.  

Сотир Трајков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ