Со блокирана сметка Турскиот театар ја започнува новата сезона

Фрлени во базен , со врзани раце и нозе, а треба да испливаме. Вака новиот директор на Турскиот театар, Ердоан Максут, ја коментира блокираната сметка на установата од март годинава, што ја затекнал од како од театарот Комедија се врати воТурскиот театар, на 3 август, на новата функција. Причината е судски спор со фирмата „ Македонија Проект ДООЕЛ“ ,  за неисплатени сретства во висина од 2 милиони и 70 илјади денари . Таа е ќерка фирма на „ АД Македонија Проект Инженеринг“, која во 2014 започна да го гради новиот објект на Турскиот театар, направен до карабина. На неа во две транши и се исплатени сретставата, а потоа е однесена во стечај , но правата за побарување и обврските ги пренела на ќерката фирма, објаснува директорот Максут.

  • Во преписките со таа „ Македонија Проект ДООЕЛ“, немало договор, меѓутоа таа се потпирала на пренесените права и обврски од претходната фирма „ АД Македонија Проект Инженеринг“ и дошло до судски процес. Во месец март сметката се блокира затоа што таа фирма „ Македонија Проект ДООЕЛ“, имала такви побарувања кои наводно не биле платени од страна на Турскиот театар, изјави Ердоан Максут-директор на Турскиот театар.

Максут вели дека вистината ќе ја докажат на следните рочишта , за што добиле подршка од Министерството за култура. Но, признава дека поради колективниот летен одмор , останува да се доистражи документацијата .

  • Не можевме многу да истражиме , бидејќи работата е многу комплицирана и има одредени службеници кои се одговорни за тоа, а се заминати на одмор, изјави Ердоан Максут-директор на Турскиот театар.

Поради блокираната сметка, започнатата  младинска претстава,  – „ Ана и Хана“, е запрена и се очекува премиера на 3 Октомври, а по неа ансамблот, кој од 2014 година работи во театарот Комедија заради реновирањето на објектот на Бит Пазар, кој му припадна на Албанскиот театар, ќе ја подготви и претставата „ Зад затворени врати“. 14 години стариот договор меѓу Република Македонија и Република Турција , за заедничка изградба и уредување на новата зграда на Турскиот театар, според директорот Максут ќе се прави од почеток, заедно со нови прецизни планови и финансиска конструкција. За 5 години изградба на објектот, се градело дилетантски, а се потрошени 4, 2 милиони евра, рекоа претставници од владата, во април, кога заедно со директорот на Директорот на државни театари од Турција, излегоа на терен.

Сотир Трајков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ