
Сликарот Мице Јанкуловски доби „ Лоренцо Ил Мањифико“, за животно дело од Меѓународното биенале на современа уметност во Фиренца
Мултимедијалниот уметник и директор на Галеријата Остен, Мице Јанкуловски, е добитник на наградата „Лоренцо Ил Мањифико“, за животно дело во областа на сликарството, што ја доделува интернационално жири и претставници од семејството Челона, како организатори на Меѓународното биенале на современа уметност во Фиренца.
Наградата ќе му биде врачена во октомври , во рамките на 12 издание на Уметничкото биенале.
Јанкуловски ќе се претстави со дела од најновиот циклус „ Круговите на Леонардо“, придржувајќи се до темата на биеналето, посветена на 500 години од смртта на уметникот и иноватор, Леонардо Да Винчи.
“Тоа мислам дека е големо достигнување не само за Мице како автор и како уметник, туку исто така и за Македонија, за македонската уметност. Затоа што тоа е најголемо признание кое некој уметник од визуелните уметности го има добиено.” – изјави Корнелија Конеска од галеријата Остен
“Јас сум задоволен од она што во последниве 7-8 години го работам. А, тоа е „црната фаза“, од 2013. А од 2016-2017, исклучиво „ црната фаза“. Ги фрлив четките и користам несликарски прибор, разни гребла, чешели, шпаркли итн, вели сликарот Мице Јанкуловски.