
Скулптура од рециклиран отпад пред ГТЦ за зачувување на животната средина
Во Жена парк, пред ГТЦ, е поставена скулптура од рециклиран отпад, насловена „ Мајка“, чиј автор е скулпторот Андреј Митевски. Како што вели тој, скулптурата низ својата естетика потенцира дека ѓубрето треба да се рециклира за да се зачува околината и планетата. Скулптурата е изработена од сипорекс, најден на дивите депонии околу Скопје и според искршената структура и поделеноста со арматура, таа го одразува деструктивното делување во природата, наспроти конструктивната употреба на шутот од кој е направена. Скулптурата „ Мајка“ , е изработена во рамките на проектот „ Собери ѓубре, направи скулптура“, финансиран од Фондацијата Отворено општество.