СЈО води предистражна постапка за обновата на Албанскиот театар

Специјалното јавно обвинителство води предистражна постапка за обновата на објектот на Албанскиот театар, на Бит пазар. Во интерес на постапката, од СЈО не сакаа да откријат повеќе детали. Од таму само кратко објаснија дека е во завршна фаза предистражната постапка за „ Скопје 2014“. Но, останува не јасно за јавноста, дали обновата на Албанскиот театар ќе се вклучи во овој предмет или ќе се третира издвоено.

Предистражната постапка за обновата на Албанскиот театар, е отворена заедно со спроведената анализа од комисијата, формирана од ресорот Култура, со која претседаваше Слаѓана Тасева од „ Транспаренси Интернешнал“. Тасева за Телма изјави дека во анализата се нотирани повеќе противзаконски дејства : Продавање на договорите за обнова на театарот ,од домашната подружница на италијанската компанија „ Ламоне Мореда“, која требаше да го обнови објектот, но отиде во стечај , на подружница на друга италијанска компанија „ Шенција“, заедно со договорите за фасадите на Министерството за правда и катната гаража „ Мал ринг “, формирање  во Македонија на две главни подружници на „ Шенција“ , која веќе имала склучено договор за подизведувач на објектот на театарот со „ Ламоне Мореда“, постигнат договор за обнова со„ Шенција“, по судската одлука од стечајната постапка во Италија, за која се произнел и нашиот јавен правобранител, зголемување на вредноста на тендерот за обнова на објектот од 8 на над 10, 5 милиони евра, по склучените 9 анекси со „Шенција“, поништување тендер и покрај избраниот најповолен понудувач од страна на претходниот владин состав поради не обезбедени доволно сретства и нестручност од вработените во Албанскиот театар, кои го воделе проектот.

Обновата на Албанскиот театар стартува во 2014 година. И покрај најавите дека ќе заврши за една година, таа се уште трае. Финализирањето на градежните зафати сега е најавено за крајот на годината.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ