Синдикатот за култура доби позитивен сигнал од владата за нов Колективен договор

По предупредувачкиот марш на почетокот на месецот поради чекањето нов гранков Колективен договор 14 години, претставници од Синдикатот за култура, денеска во владата остварија средба со премиерот Заев и со министерот за култура Исмаили.

Од нив добиле позитивен сигнал за потпишување нов Колективен договор до крајот на годината, со кој ќе се решат статусот и платите на вработените во културата и уметноста, велат од СКРМ.

На средбата биле разгледани доставените пресметки за плати од нивна страна и им било укажано дека треба да се усогласат со ставовите и пресметките на СОНК , рекоа од Синдикатот.

Од таму најавуваат нова средба со министерот за култура и со премиерот за две недели, со цел утврдување на новите позиции и ставови околу потпишувањето на новиот Колективен договор.

  • Со оглед на тоа дека ние како СКРМ доставивме еден предлог и направивме едни пресметки, беа разгледувани пресметките. Да, има позитивна реакција од страна на министерот за потпишување на Колективниот договор до крајот на годината. Она што треба да го направиме , е нормално, да се договориме и усогласиме со пресметките и ставовите на останатиот Синдикат. И постои верување дека ќе се потпише Колективниот договор до крајот на годината. Има некои правни работи, неправилности кои настанале во минатото и треба да изнајдеме начин како најбезболно да се решат, за да не настане штета. Она за што сите се согласивме е дека треба овој Колективен договор да биде правичен за сите, Сања Арсовска- претседателка на СКРМ.   
Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ