Сашо Димоски нов в.д. директор на Театарот и ЦК во Велес
Драмскиот писател и драматург, Сашо Димоски е назначен за нов в.д. директор на Центарот за култура( и театар) „ Јордан Хаџи Константинов Џинот “, во Велес. Тој доаѓа на местото на режисерот Алаксандра Ивановски, кој беше в.д. директор во 2 мандати по шест месеци, кои законски истекоа.
Од Министерството за култура најавија дека во првата прилика, кога ќе се создадат услови , ќе биде распишан конкурс за избор на директор на ЦК во Велес.