Сашко Коцев: Светскиот ден на театарот повод за симнување на маските

Политиката може да биде театар со своите бројни задкулисни игри, но театарот не смее да се претвори во политика, зашто играта е отворена, вели во  македонската порака по повод Светскиот ден на театарот, истакнатиот актер од МНТ и стенд ап комичар, Сашко Коцев. Тој прашува, колкава е моќта на театарот денес, каде треба да цели тој и кој е неговиот краен домет.

„Како што се тврди дека национализмот е последното прибежиште на ништожниците, тогаш одговорно тврдам дека хипербилизирањето  на значењето на театарот, односно неговото непотребно мистифицирање или патетизирање, е последното прибежиште на неталентираните.Токму затоа сметам дека е нужно потребна неговата демистификација. Светскиот ден на театарот е одличен повод токму ние, театарските дејци, да ги симнеме маските ставени на наште лица и да проговориме за вистината“, кажа Сашко Коцев-автор на македонската порака за Светскиот ден на театарот.

Во пораката, Коцев се осврнува и на отсуството на театарската критика кај нас денес, прашувајќи што не доведе до тоа, освен новинарски осврти, веќе подолго време да нема кај нас, како што вели тој, вистинска, писмена, вешта и искрена театарска критика. По повод 70 годишнината на Интернационалниот театарски институт при УНЕСКО, кој од 62 година го слави Светскиот ден на театарот, пораки упатија 5 уметници од Брегот на слоновата коска, од Индија, Либан, Велика Британија и од Мексико.

Сотир Трајков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ