Саша Ефтимова танцува во име на надежта во време на пандемија со Ковид-19

Пед дена по настапот на музичарот Лепи Џони, кој во организација на Град Скопје, ги забавуваше жителите на градски ѕид во полицискиот час од покривот на Домот на градежници, и балерината и кореограф Саша Ефтинова изведе свој перформанс. Од кровот на една од зградите во центарот на Скопје, Ефтимова низ инпровизации на современ танц , изведен со заштитна маска и ракавици, како што вели, ја доловува потребата од надеж, во ова безнадежно време, на пандемијата со корона вирусот. Фотографии од перформансот на Ефтимова, на тема балерина во карантин, ќе бидат објавени од агенцијата Ројтерс, а таа планира да го доработи овој заполнат проект кога ќе заврши вонредната состојба во државата.

  • Јас секогаш велам дека надежта последна умира. Така што надежта е многу поголема од стравот кој моментално владее меѓу нас. Моментот кога ќе ја изгубиме надежта, мислам дека сè се уништува. Така што, сакам да се бориме за едно подобро утре, да се надеваме на едно подобро утре и дека ќе има крај на целава оваа криза што се случува во целиот свет, изјава за Телма Саша Ефтимова- балерина и кореограф.

Сотир Трајков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ