
Риба како канта за отпадоци осамна кај езерцето во Градски парк
Кај езерцето во Градски парк, во близина на Кајакарскиот сојуз, поставена е скулптура на риба, во функција на канта за отпадоци или контејнер во кој од сите страни може да се собира пластичен отпад. Скулптурата е авторство на Андреј Митевски и е направена од рециклирано железо.
-Скулптурата е така изработена да може и мали деца во неа да внесуваат пластика. Целта е , да ги стимулира граѓаните да оставаат отпад на соодветно место и воедно да обрнат внимание за потребата од грижа и зачувување на животната средина, вели авторот Митевски.
Проектот е финансиски подржан од ФООМ-Скопје.