
Режисерот Славенски ќе биде погребан утре, комеморација за него в четврток
Театарскиот режисер и професор на ФДУ, Златко Славенски, ќе биде погребан утре на градските гробишта во Бутел. Посмртните останки ќе бидат изложени во капела од 13 до 14 часот, по што ќе бите извршен погребниот чин. Комеморација за неговиот лик и дело ќе се одржи в четврток , во 12 часот на ФДУ.
Златко Славенски почина ненадејно вчера, на 53 години. Смртта настапила на час со неговите студенти, потврдија за Телма од ФДУ. Тој подеднакво поставуваше и класици и современи автори, а имаше посебен афинитет кон примената на современата технологија и квантната физика во театарот. Негови претстави се „ Амадеус“, „ Розенкранц и Гилдестерн се мртви“, „ Папокот на светот“, „ Будење“, „ Соларис“, „ Кавкаски круг со креда“, „ Сината птица“. Тој оствари соработка со нашата телевизија низ копродукцискиот проект со „ 3Д Проект Студио“- „ Тв Бокс“. Беше сопруг на актерката Искра Ветерова, со која имаат две деца.