Реновирањето на театарот во Струмица треба да заврши до крајот на годинава

Стариот струмички театар ќе добие современа сцена со модерни технолошки решенија наместо обични даски, како што било предвидено во првичниот проект. Од музејот Струмица под чија надлежност е стариот театар велат дека  побарале нмислење и од театарот Антон Панов како треба да изгледа сцената за да им биде функционална.

Актерите од струмичкиот театар велат дека е потребна координација бидејќи театарските и сценски потреби ан современиот театар имаат други можности и затоа биле во посета на театрите во белград кадешто има слична изведба.

Архитектите велат дека овие промени може да се изведат, единствено проектот ќе чини повеќе од предвиденото.

Според проекциите театарот треба да биде готов до крајот на годината.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ