
Прослава на животот на Горан Стефановски
На сред Дебар Маало, карши Наџак, центарци засадија јавор, на омиленото место на драматургот Горан Стефановски.
Токму на неговиот роденден. Денеска требаше да полни 67 години.
Вљубеник во Дебар Мааало, ќе има свое дрво токму во маалото кое се најде во неговите драмски текстови.
Неговиот пријател, актерот Благоја Чоревски вели дека се радува за засадениот јавор, а дека загубата на доајенот е огромна за нашата држава.
Чоревски има одиграно во скоро сите негови претстави, а нивните татковци освен што ја делеле театарската сцена , биле и добри пријатели.
Во паркот да се постави и симболично , скромно но достоинствено спомен обележје на Горан Стефановски.
Јавноста го знае како познатиот драмски писател, есеист и мудрец, кој низ град одеше пеш со насмеано лице, но денеска неговата фамилија и блиски пријатели ја претставија неговата друга страна, како татко, сопруг, дедо и фанатик на „Битлси“, преку проекција на фотографии и видеа.
Теодора Цветковска