Пропаѓаат верските објекти во состав на Лешочкиот манастир

Ова е црквата свети Атанасиј во Лешочкиот манастир. Една од најубавите и најпосетуваните во Тетовско.

Таа е една поновите верски објекти во манастирскиот комплекс а целосно возобновена по воениот конфликт во 2001 година.

Но старите и древни духовни светилишта во состав на манастирот кои потекнуваат  од средновековието заштитени со закон се оставени на забот на времето.

Храмот света Богородица еден од ретките по својата архитектура и фрескоживопис на повеќа места прокиснува, фреските се ронат.

Во уште полоша состојба е црквата свети Атанасиј над патот кон селото Брезно.Откако е запален за време на османлиското царство воопшто не е возобновен. Пред неколку години поставен е само лимен покрив на објектот.

Од тетовското архирејско намесништво велат дека двата храма се културен белег од ова поднебје ако се знае дека лешочкиот манастир во средновековието бил и епископски центар.

Но поради нивната заштита, тие како црква не смеат да интервенираат.

Од Министерството за култура, велат дека е изработан проект за конзервација на црквата света Богородица во Лешочкиот манастир, но истиот нагласуваат оттаму е во делот на иницијативите на владата кои не се се поврзани со стратешките интереси на државата, и проектот ќе се реализира во наредните неколку години.

Во меѓувреме оваа година планирано е превентивно да се интервенира на санирањето на покривите од камени плочи на трите апсиди на црквата.

Тоа подразбира поставување на времен покрив заради обезбедување на соодветни услови за изведба на конзерваторските зафати на архитектурата и живописот.

Од надлежното министерство, засега не планираат да преземат мерки за санација и конзервација на најстариот храм од Лешочкиот манастирски комплекс Свети Атанасиј, од каде практично започнало духовно да се развива ова светилиште.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ