Промовирана публикацијата „Моето патување во Фантазија“

Во Филхармонијата денеска беше промовирана збирката раскази и песни насловена „Моето патување во Фантазија“, која е објавена на македонски, албански и турски јазик согласно јазикот на кој твореле децата. На конкурсот на тема „Моето патување во Фантазија“ пристигнаа огромен број песни и раскази на деца од речиси сите училишта во земјава.

„Ова е една од оние книги, од деца за деца, без реклами што ти ја прекинуваат забавата на најинтересното,  немаат батерија што се троши, може да се стопира, да паузираш, да ги враќаш најубавите моменти во неа колку што сакаш и повторно да читаш. Збирката раскази и песни “Моето патување во Фантазија“ е првата книга што преку нашите училишни и градски библиотеки ќе ја испратиме во земјата Фантазија за да ја читаат сите што ќе ја посетат таа убава земја“, истакна премиерот Заев на промоцијата на оваа збирка раскази и песни.  

Публикацијата „ Моето патување во Фантазија“  е резултат на конкурсот кој го распиша Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, инспириран од минатогодишниот новогодишен настан кој имаше за цел да го стимулира читањето книги кај децата и младите.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ