Промоција на романот на Коле Манев „Патување со Самаритен “

Промоција на книгата „Патување со Самаритен“, од истакнатиот ликовен уметник Коле Манев, ќе се одржи вечерва во 19 часот, во хотелот Холидеј Ин. Авторот Коле Манев ја започнува книгата-роман со цитат од францускиот писател, есеист, теоретичар и историчар на уметноста Андре Малро, кој говори за творештвото. „Предмет на творештвото, е да се изрази, преку реалното тоа што не му припаѓа на реалното, тоа што постои само во творештвото“, вели Малро.
Промотор на книгата ќе биде Ефтим Клетников, македонски поет, книжевен и ликовен критичар, есеист и преведувач.
Книгата е во издание на издавачката куќа Магор.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ