
Промоција на „Разговори со Унковски“ од Зоја Бузалковска
„Разговори со Унковски“ низ повеќе фази на едноставен и суптилен начин ги отвора суштинските дилеми , мисли и изградени ставови , чувствувања врзани со театарот на Слободан Унковски, вели авторката на книгата Зоја Бузалковска.
За долгогодиштната инспиративна соработка со Слободан Унковски и пријателство кое трае со децении на вечерашната промоција говореа Војислав Брајовиќ, Бранко Цвејиќ, Јовица Михајловски и Искра Гешоска.
“Актерот може да ги рашири крилјата и да се ослободи ако има надарен режисер кој знае да одбере текст , знае зошто го одбрал и што сака со него. Да одбере актер за кој смета дека ќе биде најдобар во свет во таа улога, да го сака и поддржува и актерот тогаш е слободен се разбира доколку тој режисер е Слободан Унковски” – изјави Војислав Брајовиќ.
“Толку години и јас се надевам ова не е крај. Јас му благодарам што сеуште има желба да работи во театар. Сила ќе најде за уште претстави, но да се има желба и да се биде љубопитен . И јас сум љубопитен и поради таа љубопитност јас ја гледав стоејќи „Среќна Нова 49“ која траеше речиси два и пол часа” – подвлече Бранко Цвејиќ.
Разговорите со Унковски во истоимената книга на Бузалковска се водени во три наврати во 1999, во 2010година и непосредно пред издавањето на книгата кон крајот на 2018.
Нина Стефанова