ПРОМОЦИЈА НА „КУЛТУРНА ФАБРИКА“ ОД АНА МАРТИНОСКА ВО МКЦ

Книгата „Културна фабрика“ од Ана Мартиноска вечерва ќе биде промовирана  во МКЦ Клуб-ресторанот со почеток од 19 часот.

Се работи за избор од осумдесетина авторски колумни на родови и културолошки теми, кои се објавувани во неделникот „Глобус“ и дневниот весник „Нова Македонија“.

Во книгата е направена тематска селекција, која грубо е поделена во 3 поглавја насловени како: Белешки за родот, сексуалноста и слободата на избор, Потрага по уметноста и убавината на урбаното живеење и Приказни за другата страна на популарната култура.

„Културна фабрика“ има за цел да проговори за болките и предизвиците на современата култура, сфатена во најшироката смисла на зборот. Таа е слика за постоечките состојби, но и простор за отворање на нови погледи и перспективи, со желба да предизвика критички дијалог на авторите, критиката и публиката, но уште повеќе и дијалог со себеси, нашите ограничувања и предрасуди.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ