Проблемите во демократијата низ премиерна изведба во МКЦ

 

Ова е само една од седумте сцени во претставата „ Против демократијата“, која режисерката Дејана Николовска ја направи, базирајќи ја на третиот дел од многу поставуваната и наградувана трилогијата  на Естев Солер, од 2010 година, насловена „ Против“. Во неа под лупа се демократските вредности, денес.

„Се занимаваме со проблемите на демократијата како поредок. И што тоа прави со нас како луѓе, како ние да живееме во поредок каков што е демократијата, кој што не тера да се јадеме едни со други, кој што не тера да се убиваме, да се уништуваме, да си ја уништуваме конкуренцијата и т.н“, вели режисерката Николовска.

Претставата е инспирирана од францускиот Гранд Гињол театар, каде жанровски се мешаат хоророт, комедија и апсурдот. Затоа актерите учеа нов сценски јазик.

„Овде влеговме незнаејќи. Малку го истражувавме жанрот. Учевме низ целиот процес. Како и да е , беше многу возбудливо за мене“, вели актерот Игор Ангелов.

„За прв пат се судрив со комедија, што е така убава информација за мене.И така убаво искуство“, вели актерот Дениз Абдула.

Овој политички театар отвора дебата за демократијата , меѓу гледачите.

„Всушност ги конфронтираме повеќе со нивната неможност за чинење како индивидуи“, вели актерката Јасмина Билаловиќ.

Во овој независен проект беше вклучен брачниот пар од Бугарија, Гаро Ашикијан и  Милена Пантелеева . Таа, како автор на сценографијата и костимите, а тој како композитор на музиката.

Сотир Трајков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ